Article 1 Article Main Image

Како да ја изберете најдобрата заштита на вашата кожа?Креми за сончање,кои креми да се користат?Како да изберате СПФ според типот на кожата?

Сончевите зраци се неопходни за создавање на витамин Д ,но прекумерната изложеност може да предизвика предвремено стареење на кожата, појава на пигментни дамки, изгореници, и да го зголеми ризикот од сериозни оштетувања на кожата.Затоа, изборот на соодветен производ за заштита од сонце не е само козметичка навика туку важен дел од грижата за здравјето.Зошто е важна секојдневната заштита од сонце?Многу луѓе користат спф само на плажа , но дерматолозите препорачуваат заштита во текот на целата година бидејќи УВА зраците продираат низ облаци и стакло.Редовната употреба на крема за сончање помага за намалување на ризикот од изгореници, спречување на предвремено стареење, намалување на појава на пигментни дамки, заштита од малигни заболувања , заштита на колагенот во кожата и одржување на здрав и изедначен тен.

Креми за сончање,кои креми да се користат?Како да изберате СПФ според типот на кожата?Кој СПФ е најдобар?

3 Мај 2026

Што значи СПФ?СПФ покажува колкава заштита обезбедува производот од УВБ зраците. СПФ30 блокира околу 97% од УВБ зраци, добар избор за секојдневна употреба. СПФ50+блокира околу 98-99% од УВБ зраците. Се препорачува за чувствителна кожа, деца и подолго изложување на сонце.Видови на препарати за заштита од сонце 1,Креми за сончање Предности-интензивна хидратација , одлични за сува кожа , долготрајна заштита . Недостатоци -Може да остават чувство на тежина кај мрсна кожа . 2. Флуиди -во последните години станаа најбарани дермокозметички производи . Предности - лесна текстура, брзо впивање, одлични за мрсна и комбинирана кожа, не оставаат бела трага . Недостатоци- помала хидратација кај многу сува кожа. 3. Спрејови за сончање , Предности - Брзо нанесување , практични за тело и идеални за плажа. Недостатоци- потешко е рамномерно нанесување, потребна е почеста апликација. 4. СПФ Стикови , Предности - Идеални за лице , усни , и чувствителни зони, практични за носење. Недостатоци - не се најдобар избор за цело тело. Минерални или хемиски филтри ? Минерални филтри најчесто содржат цинк оксид и титаниум диоксид.Предности- погодни за чувствителна кожа, добар избор за деца. Недостатоци -понекогаш оставаат бел слој. Хемиски филтри апсорбираат УВ зраци и ги претвораат во топлина.Предности -лесна текстура, невидлива завршница . Недостатоци - кај многу чувствителна кожа може да предизвикаат иритација . Како да изберете СПФ според типот на кожа?За мaсна кожа барајте oil -free формула, флуид текстура со мат ефект, за сува кожа барајте хијалуронска киселина,глицерин и кремаста текстура, за чувствителна кожа барајте без парфем , со минерални филтри и дерматолошки тестирани.Најчести грешки при користење СПФ се:нанесување само еднаш до двапати дневно,премала количина, заборавање на делот околу уши, врат и раце , користење СПФ само на плажа и некористење кога е облачно .Изборот на соодвтниот крем за заштита од сонце зависи од типот на кожа , возраста , и индивидуалните потреби.


Колона 0 Колона 1 Колона 2 Колона 3
Редица 0 Поле 0 0 Поле 1 0 Поле 2 0 Поле 3 0
Редица 1 Поле 0 1 Поле 1 1 Поле 2 1 Поле 3 1
Редица 2 Поле 0 2 Поле 1 2 Поле 2 2 Поле 3 2
Редица 3 Поле 0 3 Поле 1 3 Поле 2 3 Поле 3 3
Редица 4 Поле 0 4 Поле 1 4 Поле 2 4 Поле 3 4

Галерија
rilastile-ak-repair-spf100-fluid
uriage-bariesun-mineral-stik-spf50
bioderma-photoderm-spf50-sprej
uriage-bariesun-spf50-losion

Референци и Извори