4U VIRANTO HOT x 8 Product Main Image

4U VIRANTO HOT KESI x 8

Brand: HealthAid brand logo 4UPHARMA

Произведувач: 4UPHARMA

405,00 MKD

Резервирајте Сега

Подигнете и платете во аптека

4U Pharma Viranto Hot Drink for you Прашок за подготовка на напиток.
Храна за посебна медицинска намена со билни екстракти (корен од пеларгониум, плод на бозел, ацерола и шипка, кора од бела врба), витамин Д, цинк и бакар
Наменет за диететско регулирање на ослабен имунитет, настинка, грип, воспаление на грлото, кашлица и респираторни потешкотии
Состав-сахароза, концентрат од лимон, екстракт од плод на бозел, вкус на лимон, екстракт од плод на ацерола, екстракт од плод на шипка, лимонска киселина (регулатор на киселост), екстракт од кора на бела врба, екстракт од корен на африкански пеларгониум, цинк-глуконат, натриум карбоксиметил целулоза (средство за полнење), ментол, магнезиумови соли на масни киселини (средство против згрутчување), бакар-глуконат, холекалциферол.
Препорака од фармацевтскиот тим на Амброзија Фарм
Возрасни: 2 пати дневно. Зовријте 150-200мл вода и почекајте 1-2 мин. да се олади, а потоа растворете ја содржината од една кесичка. Се препорачува консумирање со топла вода. Може да се додадат мед и лимон. Земете го веднаш по појава на првите симптоми на настинка и грип, идеално во првите неколку часа. Користете Viranto по оброк со цел да се избегне нелагодност во стомакот.Предупредување: Да не се надминува препорачаната дневна доза суплементи.Мерки на претпазливост: Производот не треба да го користат лица осетливи на било која состојка на производот. Производот не е наменет за парентерална употреба. Производот не е наменет за трудници, доилки и деца и млади под 18 годишна возраст. Екстрактот од пеларгониум содржи кумарин и затоа не се препорачува за лица на антикоагулантна терапија и лица кои планираат хируршка интервенција. Се препорачува мерка на претпазливост при користење пеларгониум кај лица со заболувања на црниот дроб, псоријаза, ревматски артритис,лупус и др.автоимуни болести

Слични Продукти