4U Pharma Viranto Shot е храна за посебна медицинска намена.Со засладувач
Viranto Shot for you! раствор за орална употреба претставува храна за посебна медицинска намена со билни екстракти(корен од гераниум, плод на бозел, кора од бела врба и ризом од ѓумбир), витамин Д, цинк и бакар, наменет за диететско регулирање на состојби на настинка, грип, кашлица, воспаление на грлото и воспаление на горниот респираторен тракт
Производот не е наменет за трудници, доилки и деца и млади под 18 годишна возраст.
Возрасни: два (2) пати дневно да се испие содржината од едно шишенце. Земете Viranto Shot for you! веднаш по појавата на првите симптоми на настинка и грип, идеално во првите неколку часа. Користете по оброк со цел да се избегне стомачна нелагодност.
Препорака од фармацевтскиот тим на Амброзија Фарм
Предупредување: производот не треба да го користат лица осетливи на било која состојка на производот. Производот не е наменет за трудници, доилки и деца и млади под 18 годишна возраст. Производите што содржат пеларгониум/гераниум и бела врба не се препорачуваат за лица на антикоагулантна терапија и лица кои планираат хируршка интервенција. Се препорачува мерка на претпазливост кај лица со заболувања на хепар, псоријаза, ревматски артритис, лупус или автоимуни заболувања поради способноста на пеларгониумот за активирање антитела и предизвикување автоимуни пореметувања. Не се препорачува за лица со хиперкалцемија и хиперпаратироидизам. Мерки на претпазливост и медицински консултации се неопходни за лицата кои користат тиазиди, кардиотонични гликозиди, рифампицин, изонијазид, фенитоин и барбитурати. Истовремената употреба на кортикостероиди и овој производ може да го намали ефектот на кортикостероидите. Предозирањето може да предизвика несакани ефекти и треба да побарате лекарска помош.