AMINALON TABLETS 250mg x 100 Product Main Image

AMINALON TABLETI 100 x 250mg

Произведувач: ЈАКА НОВА, JAKA NOVA

741,00 MKD

Резервирајте Сега

Подигнете и платете во аптека

АМИНАЛОН 250 мг-Храна за посебна нутритивна употреба- Храна за посебни медицински намени-Без додаден шеќер-Без глутен- Помага во одржување на менталното здравје и релаксација*
*-според клинички испитувања
Што претставува Гама-аминобутерна киселина киселина (GABA) и за што се употребува?
Гама-аминобутернаta киселината киселина (GABA) е непротеинска амино киселина која служи како невротрансмитер. Се наоѓа рамномерно распределена во скоро сите регии на големиот мозок, р’бетниот мозок и во локалните инхибиторни интернеурони. Триесет проценти од човечките мозочни неврони содржат GABA, што влијае скоро на сите нервни активности. GABA е главен инхибиторен невротрансмитер во централниот нервен систем на цицачите. Инхибиторното дејство го постигнува зголемувајќи ја пропустливоста на невронската мембрана за јоните на хлорот, постигнувајќи стабилизација на потенцијалот на мирување.Ефектите се одигруваат преку специфичните GABA рецептори (GABA а-инхибиција и зголемување на пропустливоста за хлор и GABA b-инхибиција, смалувањена пропустливост за калциум или зголемување на пропустливост за калиум).Голем број на невролошки нарушувања (нервоза, депресија,несоница и епилепсија ) се поврзани со намалени нивоа на GABA или нарушена функција на GABA.Придобивките од употребата на гама-аминобутерна киселината се должат на неговото антихипертензивно, анти-стресно, анксиолитично и релаксантно дејство. Дејството го постигнува за време од 60 минути.АМИНАЛОН како орален додаток во исхраната може да помогне при нервоза, депресија,стрес,несоница, предменструален синдром,епилепсија, стабилизирање на крвниот притисок,ADHD (attention deficit hyperactivity disorder).Клиничките студии го потврдуваат позитивното дејство при цереброваскуларните заболувања (атеросклероза, хипертензија),при хронична церебро-васкуларна инсуфициенција проследена со нарушена меморија,намалена моќ за концентрација, вртоглавица и главоболка,при динамички пореметувања на церебралната циркулација и др.
ABA ја зголемува продуктивноста на мисловните процеси, ја подобрува меморијата,влијае на воспоставување на моториката и говорната моќ после нарушена мозочна циркулација.
Клинички студии укажуваат на влијанието на GABA врз хормонот за раст, намалување на телесните масти и зголемувањето на телесните перформанси кај спортисти.
АМИНАЛОН филм-обложените таблети од 250 mg се земаат во период од 2-3 недели до 2-6
месеци .
Возрасни: Пред јадење 3 пати на ден по: 2-5 филм-обложени таблети
Деца: Од 3 години 1-3 филм обложени таблети, Од 4-5 години 3-4 филм обложени таблети, Постари од 7 години 4 филм обложени таблети
Ранг на дозирање според клинички студии за GABA:
Нервоза 250-500 mg до два пати на ден
Стрес 250-500 mg до два пати на ден
Хронична болка 250-500 mg до два пати на ден
Фибромијалгија 250-500 mg до три пати на ден
Хипертензија 2.5g /ден. После 15 дена, доколку крвниот притисок се намалил, Дозата се намалува на 1.5g/ден
Несоница 500-1000 mg пред спиење

Слични Продукти