ANDOL 300mg TABLETS x 20 Product Main Image

ANDOL 300mg TABLETI x 20

Brand: HealthAid brand logo PLIVA

Произведувач: ПЛИВА , PLIVA

92,00 MKD

Резервирајте Сега

Подигнете и платете во аптека

Андол 300 mg таблетите ја содржат активната супстанца ацетилсалицилна киселина во пуферирана форма.
Една таблета содржи 300mg ацетилсалицилна киселина во пуферирана форма како активна супстанца.
Други состојки се: магнезиум оксид; пченкарен скроб; желатин; талк, пченкарен скроб, претходно гелиран; микрокристална целулоза; силициум диоксид, колоиден, безводен.Индикации и употреба:
Симптоматско ослободување од главоболка, забоболка, болки во грлото, болка во грбот, менструални тегоби, болка во зглобовите и мускулите, умерена артритична болка. Намалување на зголемената телесна температура и треска кај настинка и грип.
Секогаш земајте Андол така како што е одредено во упатството за употреба. Треба да проверите со Baшиот доктор или фармацевт ако не сте сигурни како да го земете овој лек.
Освен ако поинаку не е препишано од Вашиот доктор, вообичаената доза е:
Возрасни:1 до 2 таблети на секои 6 до 8 часа. Максимална дневна доза е 8 таблети 2400 мг ацетилсалицилна киселина).
Деца над 12 годишна возраст:Се препорачува дневна доза на ацетилсалицилна киселина од 60 мг/кг телесна маса, разделена на 4 до 6 одделни дози (15 мг/кг на секои 6 часа или 10 мг/кг на секои 4 часа).
Таблета испијте ја со чаша вода.
Андол земајте најмноrу 3 до 5 дена. Ако симптомите не исчезнат или ако се повторуваат, посоветувајте се со својот доктор.

Слични Продукти