APIVITA кремот за раце со кантарион (Hypericum) и пчелин восок е интензивно хранлив производ со богата и концентрирана текстура, специјално формулиран за длабинска хидратација, регенерација и заштита на екстремно сува и испукана кожа.Овој крем содржи 97% до 98% природни состојки и е идеален за заштита на рацете изложени на студ, физичка работа или детергенти .
Карактеристики
Ја обновува кожата и ги лекува пукнатините : Екстрактот од кантарион (Hypericum) и органскиот пчелин восок помагаат во брзо заздравување на малите ранички и пукнатини . Интензивно ја враќа влажноста : Пантенолот, алое верата и глицеринот овозможуваат длабока и долготрајна хидратација Го олеснува непријатното чувство : Екстрактот од лаванда, шеа путерот и витамините Е и А веднаш го намалуваат чувството на затегнатост и чешање . Антиоксидантна заштита : Наместо обична вода, формулата користи патентиран инфуз од 3 видови органски грчки планински чај за дополнителна заштита од слободните радикали .
Начин на употреба
Нанесете мала количина од кремот на чисти раце . Нежно масирајте додека не се апсорбира . Иако има богата текстура , кремот брзо се впива и не остава непријатен мрсен филм на кожата . Повторувајте го процесот по потреба во текот на денот . Производот е дерматолошки тестиран и не содржи : Парабени ,Силикони , Минерални масла и Феноксиетанол .