ASPIRIN+C 400mg/240mg x 10 Product Main Image

ASPIRIN+C EFERVETI 400mg/240mg x 10

Brand: HealthAid brand logo BAYER

Произведувач: BAYER

280,00 MKD

Резервирајте Сега

Подигнете и платете во аптека

Аспирин плус Ц е препарат што ублажува болки, намалува зголемена температура и дејствува против-воспалително (нестероиден антиинфламаторен/аналгетски лек).Витаминот Ц ја зголемува отпорноста на организмот кај инфективни болести и при физичка активност.
Се употребува за симптоматско ослободување од главоболка, забоболка, болки во грлото, болка во грбот, менструални тегоби, болка во зглобовите и мускулите, умерена артритична болка како и при намалување на зголемената телесна температура и при треска кај настинка и грип.
Земајте го Аспирин плус препаратот така како што е одредено во упатството за употреба. Треба да проверите со Baшиот доктор или фармацевт ако не сте сигурни како да го земете овој лек.Освен ако поинаку не е препишано од Вашиот доктор, вообичаената доза е:
Возрасни:1 до 2 шумливи таблети (400 до 800 мг ацетилсалицилна киселина) на секои 4 до 8 часа. Максимална дневна доза е 10 шумливи таблети (4000 мг ацетилсалицилна киселина).Деца над 12 годишна возраст:
Се препорачува дневна доза на ацетилсалицилна киселина од 60 мг/кг телесна маса, разделена на 4 до 6 одделни дози (15 мг/кг на секои 6 часа или 10 мг/кг на секои 4 часа). Се препорачува еднократна доза од 1 шумлива таблета (400 мг ацетилсалицилна киселина).
Растворете ја шумливата таблета во чаша вода и испијте ја.
Аспирин плус Ц земајте најмноrу 3 до 5 дена. Ако симптомите не исчезнат или ако се повторуваат, посоветувајте се со својот доктор.
Бременост и доење: Ве молиме да се консултирате со Вашиот доктор или фармацевт

Слични Продукти