Наменета е за секојдневна нега на бебешката кожа, особено во пределот што е покриен со пелена и во пределот каде што се формираат превои.
Клинички е докажано дека може да се користи уште од првиот ден по раѓањето и дека превентивно дејствува против појава на иритации во пределите на бебешката кожа што се најподложни на оштетување, како последица од допирот со влага и со нечистотии од пелената.
Детската витаминска маст Becutan во својот состав содржи:
витамин Е, коj ја одржува нормалната влажност на бебешката кожа, ја прави мека и еластична, а истовремено ја одржува и нејзината отпорност кон надворешните влијанија;
масло од невенов цвет, кое ја смирува и ја обновува кожата.
Маста се нанесува на сува и чиста кожа при секое менување на пелените. Нежно се трие сé додека целосно не се впие во кожата,не содржи парабени;има приспособена pH вредност;
клинички тестиран производ.