BETADINE 1% ORAL SOLUTION 100ml Product Main Image

BETADINE 1% ORAL RASTVOR 100ml

Brand: HealthAid brand logo ALKALOID

Произведувач: АЛКАЛОИД , ALKALOID

266,00 MKD

Резервирајте Сега

Подигнете и платете во аптека

Бетадине растворот за плакнење уста и грло како активен принцип содржи повидон-јод, комплексно соединение на поливинил пиролидонот и јод. Овој комплекс претставува јодофор, кадешто поливинил пиролидонот служи како пренесувач на јодот и ја овозможува неговата растворливост во вода. Во допир со слузокожата, јодот полека се ослободува од комплексот и дејствува како антисептик, односно дезинфициенс кон бактериите, вирусите, габите, протозоите и кон спорите. Бетадине растворот дејствува и како дезодоранс, отстранувајќи ја непријатната миризба од устата што може да потекнува од храна, алкохолни пијалаци, тутун и др.
ИНДИКАЦИИ
Профилакса и терапија на инфекции во букофарингеалната празнина предизвикани од бактерии, вируси и габи (гингивитис, стоматитис, афти, инфицирани улцерации или херпетични улцерации);
Профилакса на инфекции при хируршки зафати на забите и на вилиците; Отстранување на непријатната миризба од устата.

Слични Продукти