GLUTEN -FREE FLOUR DR.SCHAR 1kg Product Main Image

BEZGLUTENSKO BRASNO DR.SCHAR 1kg

Brand: HealthAid brand logo DR.SCHAR

Произведувач: DR.SCHAR

295,00 MKD

Резервирајте Сега

Подигнете и платете во аптека

Schär Mix B (Brot-Mix) е безглутенско брашно на брендот Dr. Schär, специјално наменето за подготовка на леб, кифлички, пица и други печива со квасец. Оваа мешавина е формулирана така што на тестото му ја дава потребната еластичност и волумен, кои во класичните брашна ги обезбедува глутенот.
Идеално за леб, интегрален леб, тесто за пица, фокача и слични печива.
Ова брашно лицата со целијакија можат да го подигнат од кај нас во аптека на товар на фонд по повластена цена со електронски рецепт изработен од матичен лекар врз база на валиден специјалистички извештај од кој еден примерок се носи при подигнување на брашното во аптека.
Употреба
Наменето е за лица со целијакија, интолеранција на глутен или за оние кои се на безглутенска исхрана.
Алергени: Целосно БЕЗ глутен, БЕЗ лактоза и БЕЗ пченица. Може да содржи трагови од соја.
Мешавината содржи внимателно избрани безглутенски состојки и хранливи влакна: Пченкарен скроб, оризово брашно и брашно од цело зрно од ориз (3,8%), Растителни влакна од зеленчук (псилиум, бамбус), брашно од леќа (3,6%) , декстроза (шеќер кој помага за активирање на квасецот) , Згуснувач : хидроксипропил метилцелулоза (природна алтернатива која ја заменува лепливоста на глутенот) и сол.

Слични Продукти