Активната супстанција во Билобил форте капсулите е стандардизиран екстракт од листовите од кинеското дрво Гинкго билоба.Делувајќи на реолошките својства на крвта и забрзувајќи го нејзиниот проток, гинго ја подобрува циркулацијата, односно го подобрува протокот на крв во мозокот, рацете и нозете. На тој начин се зголемува снабдувањето на ткивата со кислород и се ублажуваат пречките и знаците за слаба и недоволна циркулација. Ефектот на Билобил форте капсулите се манифестира на циркулацијата на мозокот со подобрување на ослабените мозочни функции и на намалување на придружните тешкотии, како што се вртоглавица, зуење во ушите, главоболка, ослабено памтење, несоница, нерасположеност и чуство на страв. Го подобрува слухот при ослабена циркулација во вертебралниот дел од рбетот. Ефикасноста на препаратот е клинички докажана.
Гинкго ги ублажува губењето на осетот, трпките, грчевите, малаксаноста и чуството на студ и печење, како и други знаци на ослабена циркулација во рацете и нозете. Кај болни со недоволна циркулација во нозете, значително ја продолжува можноста за подолго одење.Една капсула BILOBIL FORTE содржи 80 mg стандардизиран сув екстракт од листот на гинко ( Ginko bilobae folii extractum siccum) со најмалку 19,2 mg гинкго флавоно гликозиди и 4,8 mg терпенски лактони (гинколиди, билобалиди).
Помошни супстанции : лактоза монохидрат, безводен колоиден силикагел, пченкарен скроб, магнесиум стеарат, талк.
Состав на надворешната обвивка на капсулата: метилпарахидроксибензаат (Е218), пропил парахидроксибензаат (Е216), желатин, црна боја PN (Е151), сина боја V (Е131), црвена боја 4R (Е124), портокалова боја FCF (Е11о), титанов диоксид (Е171).
Билобил форте капсулите се препорачуваат при пореметена мозочна циркулација и функција (синдром на деменција при примарна дегенеративна деменција, при васкуларна деменција или при комбинирана форма од двете), а се манифестира како:
• Намалено помнење и намален интелектуален капацитет
• Нерасположеност и чуство на страв
• Вртоглавица
• Зуење во ушите
• Главоболка и несоница
И при почетни пореметувања на периферна циркулација.
Дозирање и начин на употреба
За капсулите Билобил форте се препорачува следниот режим на дозирање:
• Пореметувања во мозочната циркулација и функција
1 капсула 2 до 3 пати на ден
• Вртоглавица и тинитус
2 капсули на ден, 1 наутро и 1 навечер
• Пореметена циркулација во екстремитетите
2 капсули на ден, 1 наутро и 1 навечер
Капсулите треба да се проголтаат со малку течност.
Првите знаци на подобрување обично се регистрираат веќе после 1 месец третман. За постигнување на долготрајни ефекти, препорачливо е 3 месеци.