Бисолвон сирупот се применува за растворање на секретот кај акутни и хронични болести на бронхиите и белите дробови.
Состав: 5мл сируп содржи 4мг бромхексин хидрохлорид.
Помошни состојки: течен малтитол, сукралоза, бензоева киселина, арома на цреша, арома на чоколадо, левоментол, пречистена вода.
Употреба: Сирупот е наменет за деца над 2 години и возрасни
Деца од 2-6 години: 3 пати дневно по 5мл
Деца од 6-14 години, како и пациенти со телесна маса под 50 кг: 3 пати дневно по 10мл
Возрасни и деца над 14 години: 3 пати на ден по 10-20мл
Не се употребува подолго од 4-5 дена без совет од лекар.