BLACK UP SPREJ spf 30, 270ml Product Main Image

BLACK UP SPREJ SPF 30, 270ml / ROK : 30.11.2026

Brand: HealthAid brand logo ALKALOID

Произведувач: АЛКАЛОИД , ALKALOID

779,00 MKD

Проверете повторно наскоро за дополнување на залихите

BLACK UP лосион (млеко) спреј за сончање SPF 30, 270 ml
Млекото во спреј Black up SPF 30 е погодно за целото семејство.
Овозможува висока заштита на кожата од штетното УВ-зрачење при секојдневното изложување на сонце, особено во летниот период.
Комплексната формулација на новиот производ се заснова на употреба на висококвалитетни, фотостабилни хемиски УВ-филтри со широк спектар на дејство, кои ги апсорбираат сончевите УВА- и УВБ-зраци.
Млекото содржи внимателно избрани состојки кои обезбедуваат подобра дистрибуција на заштитните филтри на површината на кожата, а со тоа овозможуваат лесна и практична апликација на производот.
Млекото дополнително е збогатено со глицерин, кој потпомага во одржувањето на природната хидратација на кожата, и со витамин Е. Витаминот Е со своето антиоксидативно дејство ја појачува ефикасноста на заштитните филтри преку намалување на процесот на формирање на слободните радикали, кои се последица на изложувањето на штетните УВ-зраци, го стимулира процесот на заздравување и на регенерација на кожата и влијае врз заштитата и врз одржувањето на природниот липиден баланс на кожата.
· Клинички тестиран
· Само за надворешна употреба
Начин на употреба: нанесете обилно на сува кожа 15 минути пред изложување на сонце и повторно аплицирајте, особено по потење, пливање или по бришење со пешкир. Со нанесување помала количина од производот значително се намалува нивото на заштита. Бебињата и малите деца да не се изложуваат директно на сонце.
Избегнувајте предолго изложување на сонце, дури и при употреба на производ за заштита од сончевите зраци, бидејќи тоа претставува сериозен ризик за здравјето.

Слични Продукти