Патентирана формулација на бромелаин, моќен ензим против воспалителни процеси.
Bomelinn® е додаток на исхраната кој содржи бромелаин, патентирана комплексна смеса на протеолитички ензими изолирани од кора на ананас (Ananas comosus) со уникатна јачина од 2500 GDU/g (желатин растворачки единици на грам).Бромелаинот ја инхибира синтезата на брадикинин и го смирува воспалението. Противвоспалителните ефекти на бромелаинот врз постоперативната болка и отокот на лице се позначајни во споредба со противвоспалителната активност на серапептазата. Во комбинација со конвенционалната терапија бромелаинот остварува корисна улога за смалување на болката и смирување на воспалението. Противвоспалително дејство/Аналгетско дејство/ Антиедематозно дејство/ Фибринолитичко дејство/Муколитичко дејство/ Имуномодулаторно дејство.
Bomelinn®, добиен од кора на ананас по пат на уникатен заштитен процес со повеќекратна водена екстракција. Специфичната технологија на производство ја спречува денатурацијата на ензимите и разградбата на активните состојки на бромелаин и после поминувањето низ гастроинтестиналниот тракт. Протеолитичките фрагменти од патентираната формулација остваруваат противвоспалителна активност пред и после симулација на гастро-интестинално варење, без потреба од користење на технологија за ентерично обложување (гастрорезистентна капсула или таблета).
Индикации и дозирање
Максимален период за употреба во континуитет изнесува 6 месеци.
Индикација Дозирање
Остеоартритис 1 таблета дневно, помеѓу оброци, во текот на 1 месец.
Ревматоиден артритис 1 таблета дневно, помеѓу оброци, во текот на 1 месец.
Спортски повреди (фрактури, исчашувања) 1 таблета дневно, помеѓу оброци, во текот на 2 недели. После хируршки интервенции 1 таблета дневно, помеѓу оброци, во текот на 2 недели.
Ринитис, синузитис, бронхитис 1 таблета дневно, помеѓу оброци, во текот на 2 недели. Стоматолошки интервенции 1 таблета дневно, помеѓу оброци, во текот на 2 недели.
Зошто Bomelinn®?
Ја смалува болката, ги смирува отокот и воспалението
Ја забрзува ресорпцијата на отоци и хематоми
Го забрзува закрепнувањето после траума или интервенција
Го подобрува квалитетот на живот
Комплементарна терапија со антибиотици и аналгетици
Комфорна примена - 1 таблета на ден
Напомена и предупредување
Препорачаната дневна доза не смее да се надминува. Производот не е наменет за лица под 18 години, бремени жени и доилки, како ни за лица преосетливи на било која состојка на производот. Лицата кои користат лекови, пред употреба потребно е да се консултираат со лекар. Посебно внимание е потребно кај лица кои се на терапија со антикоагуланси и антиагрегациски лекови.