Лекот Бруфен од 400mg содржи активна супстанција ибупрофен. Овој лек припаѓа на групата нестероидни антиинфламаторни лекови (НСАИЛ). Тој дејствува така што ја намалува болката, воспалението и покачената телесна температура.
Индикации -Бруфен од 400 mg најчесто се користи за третман на Акутна болка: главоболка, мигрена, менструални болки, забоболка и постоперативна болка. Воспаленија и повреди: болки во грбот, исчашувања, истегнувања и повреди на меките ткива. Ревматски заболувања: остеоартритис, ревматоиден артритис и анкилозирачки спондилитис. Повишена температура: ефикасно го намалува симптомот на треска при настинки и грип. Дозирање и начин на примена Возрасни и адолесценти над 12 години (над 40 кг): Вообичаена доза е 1 таблета (400 mg) по потреба.Временски интервал: Доколку има потреба од нова доза, таа се зема на секои 4 до 6 часа. Максимална доза : Не смеат да се надминат 3 таблети (1200 mg) на ден без консултација со лекар. Таблетите се голтаат цели со чаша вода, препорачливо за време или веднаш по оброк за да се заштити желудникот. Времетраење : Без лекарски совет, лекот не треба да се користи подолго од 3 до 7 дена.
Контраиндикации - (Лекот кога Не смее да се зема) :
Историја на алергија на ибупрофен, аспирин или други НСАИЛ.
Активен чир на желудникот или историја на крварење во дигестивниот систем.
Тешко оштетување на црниот дроб, бубрезите или срцето.
Поради јачината на дозата, не е наменет за деца под 12-годишна возраст. Во последното тримесечје од бременоста лекот е строго контраиндициран.
Можни несакани дејства
Како и сите лекови, Бруфенот може да предизвика несакани ефекти, иако тие не се појавуваат кај секого : Чести : гадење, , стомачна болка , дијареја или гасови . Ретки, но сериозни несакани ефекти се : алергиски реакции ( осип, отежнато дишење ), појава на црна столица или повраќање крв (знаци за крварење во стомакот ) .