Bulacol 500mg -Saccharomyces boulardii делува во цревата така што ги врзува патогените бактерии (како Escherichia coli и Clostridium difficile) и нивните токсини за својата површина и го забрзува нивното исфрлање од организмот.
Употреба
Кај возрасни за : Акутна дијареа , Дијареа предизвикана од антибиотици (за превенција и третман ), и при Патничка дијареа .
Додаток во терапијата за инфекции со Clostridium difficile и Helicobacter pylori . Капсулите се од растително потекло, па затоа се соодветни и за вегани и вегетаријанци.
Контраиндикации
Имунокомпромитирани лица: Производот не се препорачува за користење од лица со ослабен имунитет (имунокомпромитирани), лица на имуносупресивна терапија, пациенти со трансплантирани органи или пациенти со централен венски катетер.Терапија со антимикотици: Доколку земате лекови против габични инфекции (антимикотици), може да дојде до интеракција бидејќи тие можат да го уништат пробиотскиот квасец и да го поништат неговото дејство .
Дозирање за возрасни : Вообичаена употреба: Количината се одредува според препораката на вашиот лекар или упатството на производителот а тоа е еднаш дневно една капсула независно од оброк .