Состав: 1 обложена таблета содржи 10 мг хиосцин бутилбромид.
Помошни супстанции: калциум хидроген фосфат - безводен, пченкарен скроб - сушен, пченкарен скроб - растворен, колоиден силициум диоксид - безводен, винска киселина, стеаринска киселина.
Индикации- Абдоминални грчеви: возрасни пациенти и деца на возраст над 12 години: 2 таблети, четири пати на ден.
Симптоматска терапија на синдром на иритабилен колон: возрасни пациенти и деца на возраст над 12 години: препорачана почетна доза е 1 таблета до три пати на ден. Доколку има потреба дозата може да се зголеми до 2 таблети, четири пати на ден.
Лекот Бускопан 10 мг обложена таблета, не се препорачува за употреба кај деца под 12 години. Таблетите се земаат со доволна количина вода, не се кршат и не се џвакаат.
Бременост и доење: не го земајте лекот доколку сте бремени или доите.