Состав на една ќесичка/Paracetamol 1000mg.,Phenylephrine hydrochloride 12,2mg (еквивалентен на 10 mg фенилефрин, база)
Caffetin COLDmax претставува комбиниран препарат кој содржи две активни супстанции, парацетамол и фенилефрин. Парацетамолот ја ублажува болката и ја намалува телесната температура. Фенилефринот, пак, ја намалува назалната конгестија, со што овозможува проодност во носот и во дишните патишта.
Caffetin COLDmax се употребува за ублажување на главните симптоми на настинка и грип (главоболка, болка во мускулите, болка во грлото, назална конгестија, зголемена телесна температура).