Caffetin Cold претставува комбиниран препарат кој содржи повеќе активни супстанции и тоа во една таблета се содржат следниве активни супстанции парацетамол 500mg, псевдоефедрин 30mg .декстрометорфан 15mg.,и витамин Ц 60mg.
Парацетамолот ја ублажува болката и ја намалува телесната тампература.
Псевдоефедринот ја намалува назалната конгестија овозможувајќи проодност во носот и во дишните патишта. Декстрометорфанот ја ублажува кашлицата предизвикана од слаба иритација на грлото и на дишните патишта. Витаминот Ц го поттикнува имунолошкиот систем.
Caffetin Cold се употребува за ублажување на главните симптоми на настинка и грип (главоболка, болка во мускулите, болка во грлото, назална конгестија, зголемена телесна температура, кашлица).