CERUSTOP OTO SPRAY 10ml Product Main Image

CERUSTOP ОТО SPREJ 10ml

Произведувач: SIGMAPHARM

529,00 MKD

Резервирајте Сега

Подигнете и платете во аптека

Церустоп спреј маслото се состои од следниве состојки -Каприлик/Каприк триглицерид, течен парафин, изостеарил изостеарат, бадемово масло, ПЕГ-40, Сорбитан Перолеат, БХА/БХТ и Витамин Е. Церустоп спреј-маслото се користи при следниве состојби
*за омекнување ушна маст*за растворување и отстранување на прекумерната и стврдната ушна маст *за спречување на воспаление на надворешниот ушен канал *за чистење на ушната школка и надворешниот ушен канал.
Може да се применува во текот на бременост и доење.
Погоден е за примена кај возрасни и деца постари од 3 години.
Начин на употреба
За отстранување на прекумерната и стврдната ушна маст се распрскува 2-3 пати (за деца 1-2 пати) млаз Церустоп спреј-маслото за омекнување ушна маст во надворешниот ушен канал.
Се затвора увото со парче памук за да се спречи истекување на Церустоп спреј-маслото за омекнување ушна маст. Памукот се става надворешно нежно на отворот и никогаш не се внесува во ушниот канал. По 10 минути увото се плакне со топла вода по можност со помош на рачен туш. Во случај на појако стврдната ушна маст се препорачува повторување на постапката.
За да се отстрани ушната маст, нечистотиите и изумрена кожа од ушната школка се распрскува на памук неколку пати млак Церустоп спреј-маслото за омекнување ушна маст и се пребришува увото неколку пати. Потоа се брише со сув памук.
По плакнењето со вода се препорачува примена на Нормисон капки за уши со цел да се забрза сушењето и да се обнови природната киселост на кожата во надворешниот ушен канал.

Слични Продукти