Состав-Капките за очи Цитикол Б претставуваат стерилен раствор, медицинско средство од класа IIa, и содржат: 2 % натриумова сол на цитиколин; 0,2 % xијалуронска киселина;
0,05 % цијанокобаламин (витамин Б12) , 0,01 % бензалкониум хлорид.Растворот е со pH-вредност од 6,3 до 6,7.
Дејство
Цитиколинoт помага во обновување на оштетените клеточни мембрани на ретинските ганглиски клетки и на главата на оптичкиот нерв.
Хијалуронската киселина помага во подобрување на стабилноста на солзниот филм, со што површината на окото се одржува подмачкана, навлажнета и заштитена.
Цијанокобаламинот (витамин Б12) поволно влијае врз растот на епителните клетки на рожницата и ги штити клетките од дејството на слободните радикали.
Употреба
Пациенти со глауком (покрај стандардната хипотензивна терапија).
Пациенти со дијабетична ретинопатија.
Возрасни: По една капка во окото, 3 пати на ден, по потреба.