COLOSAL tbl x 30 Product Main Image

COLOSAL TABLETI x 30

Brand: HealthAid brand logo REPLEK

Произведувач: РЕПЛЕК, REPLEK

912,00 MKD

Резервирајте Сега

Подигнете и платете во аптека

Ефикасноста на Colosal се должи на комбинацијата на трите состојки:
Бутирна киселина
Бутирната (путерна) киселина е масна киселина со краток синџир, присутна во природата како компонента на масната фракција на млекото и неговите деривати.
Кај луѓето е физиолошка творба што се формира во дебелото црево како резултат на ферментација на диетални влакна.
Бутирната киселина е главен извор на енергија на клетките на дебелото црево (колоноцити), го стимулира метаболизмот и нивното физиолошко созревање и игра важна улога во одржувањето на интегритетот на цревната слузница. Нејзиното присуство во цревата ја намалува pH-вредноста на цревата, при што создава неповолна средина за развој на патогени бактерии.
Бифидобактерии
Бифидобактериите се живи бактериски култури и важни компоненти на цревната микрофлора и се едни од најважните „добри“ бактерии во дебелото црево кај возрасните и кај децата.
Фруктоолигосахариди (ФОС)
Фруктоолигосахаридите се сложени јаглехидрати или природни шеќери што се речиси несварливи во организмот на човекот. Нивната улога на пребиотик е тоа што се храна за разновидната бактериска популација што ја сочинува човековата интестинална флора.
Препорачано дозирање:
2 х 1 таблета Colosal во текот на првиот месец
1 х 1 таблета Colosal како доза за одржувањe
Таблетата не треба да се крши. Не содржи глутен

Слични Продукти