FITOFARM CYSTOFIT FORTE tbl x 30 Product Main Image

FITOFARM CYSTOFIT FORTE tbl x 30

Brand: HealthAid brand logo FITOFARM

Произведувач: ФИТОФАРМ, FITOFARM

489,00 MKD

Резервирајте Сега

Подигнете и платете во аптека

Состав:1 таблета содржи:150 mg екстракт од листови од чај за бубрези (Orthosiphonis folium), 100 mg лист од бела бреза (Betula alba), 50 mg лист од брусница (Vaccinium vitis idaea), 50 mg лист од магдонос (Petroselinum crispum), 30 mg екстракт од карликова палма (Serenoa repens), 30 mg корен од елеутерокок (Eleuterococus senticosus).
Нарушувањето на функцијата на уринарниот систем станува сé почеста појава кај женската популација. Причините за тоа се различни: намалување на општиот и локалниот имунитет, инфекции, алергии и компликации предизвикани од хемиски агенси и зрачење. Во последните години клинички е потврдена тесната врска меѓу уринарниот систем и гинеколошкото здравје. Ризикот од развој на заболувања на уринарниот систем кај жените е многу висок. За намалување на овие појави успешно се користи фитотерапијата, односно лекување со растенија кои поседуваат антимикробни, антиинфламаторни, диуретски и имуностимулаторни својства.
Засилената диуреза има големо значење за функционирањето на целиот организам.
Релативно новата гранка на медицинската наука „ендоеколошка медицина„ која во последните години е широко распространета, зазема важно место во зачувувањето на здравјето во услови на глобално загадување на средината. За да се зголеми излачувањето на разградните продукти од организмот (присутни надвор од крвните садови, на кои отпаѓаат дури 83% од токсините) заедно со водата, најдостапен начин е користење на растенија кои помагаат во тој процес. Растенија кои имаат проверени својства да го стимулираат транспортот на течности од ткивата и да ја подобруваат лимфната дренажа се: магдонос, шипка, лист од брусница и др.
Зошто да користите Cystofit forte:
помага при воспаленија на уринарните патишта, особено при циститис и простатитис;
учествува во отстранувањето на токсини од организмот;
помага да се намали задршката на течности во телото, а со тоа спречува создавање на отоци од различен карактер.
Препорака за примена:
Возрасни и деца постари од 14 години – по 2 до 4 таблети на ден, за време на оброк.
Времетраење на континуирана примена – 1 месец.
Контраиндикации: Индивидуална неподносливост на состојките на препаратот, бременост и доење, зголемена нервна раздразнетост, употреба на препаратот навечер, зголемен крвен притисок. Пред употреба неопходна е консултација со лекар.

Слични Продукти