Гел со зелена глина и зрнца од маслинка за комбинирана и масна кожа
Нашиот гел со ситно мелени зрнца од маслинка прави најнежна ексфолијација, а зелената глина го апсорбира вишокот маснотија. Формулата делува на прочистување на порите, намалување на себумот и стабилизирање на кожата без да ја наруши нејзината природна бариера.
Со редовна употреба, кожата станува почиста и помазна, воспаленијата се смируваат, а ризикот од повторна појава на акни се намалува. Тенот изгледа посвежо и порамномерно.
Употреба
Нанесете мала количина на сува кожа и масирајте со нежни кружни движења без притисок, избегнувајќи ја областа околу очите. Потоа темелно исплакнете со млака вода. Користете еднаш дневно, по можност навечер.Интензивно ја навлажнува и го подобрува изгледот на кожата.
Ги апсорбира вишокот маснотии, чистејќи ги порите и освежувајќи го тенот.
Природно ја заштитува и ја смирува кожата, спречувајќи иритации и воспаленија.
Ги елиминира нечистотиите, чистејќи ги порите и превенирајќи нови акни.
Безбедно за трудници и мајки доилки.