Сапун со активен јаглен, чајно дрво и нане за мрсна и комбинирана кожа 95g
Направен со традиционален метод со ладен процес, овој сапун создава нежна пена која ефикасно ја балансира маснотијата и ја освежува кожата. Неговата формула помага во борба против акните и смирува иритации и црвенило, Ја прави кожата обновена и чиста благодарение на моќното бадемово масло.
Сапунот е збогатен со есенцијални масла од чајно дрво и нане, кои имаат антибактериски и антивоспалителни својства, идеални за контрола на проблематичната кожа. Нежната пена го ослободува богатството на бадемовото, кокосовото, рицинусовото, маслиновото и палминото масло, кои активно се борат против вишокот маснотии и акни.
Активниот јаглен е познат по својата способност за длабинско чистење и апсорпција на токсини. Содржи ситни зрнца од бадем и кајсија за нежен пилинг, што дополнително ја подобрува текстурата на вашата кожа.
Подарок: мрежичка за туширање
100% природен сапун. За миење на лице пената од рацете се нанесува на лицето. НЕ го ставајте сапунот директно на лицето.
Безбедно за трудници и мајки доилки.