Дневен крем за лице со Пантенол 50ml
Оваа дневна крема е создадена за кожа што има потреба од хидратација и смирување. Нежна текстура што ја балансира и ѝ помага на кожата да не се чувствува затегната, дехидрирана или „уморна“. Исто така е добра при црвенило или чувство на иритација, бидејќи ја смирува и ја враќа во поурамнотежената состојба кожната бариера. Лесната текстура брзо се впива без масен траг, па кожата останува свежа, мека и пријатна на допир без чувство на неугодност и маснотија.
Пантенолот и хијалуронската киселина ѝ даваат долготрајна хидратација особено во делови на лицето кои лесно се дехидрираат и реагираат.
Бисабололот и витамин Е ја смируваат кожата и ѝ даваат поздрав изглед, додека формулата е внимателно направена за да не ги затвора порите и да биде погодна за комбинирана и масна кожа.
Ова е крем што не се обидува да промени сè одеднаш туку со секојдневна употреба ја враќа кожата во нејзиниот природен баланс.
Употреба:
Нанесете од кремот на чисто лице или по серум па по него може да нанесете СПФ. Користете го секој ден за оптимални резултати. За дополнителна нега, може да го користете и како основа под шминка или заедно со други производи за дневна од производите “EFI”.
Интензивно хидрира и помага кожата да задржува влага
Ја прави кожата помека, поеластична и поотпорна на надворешни влијанија Ја смирува кожата и помага при иритации и црвенило
Безбедно за трудници и мајки доилки