Путер за тело
Лавандата е позната по своите смирувачки својства, поради што често се користи во природна нега за чувствителна и проблематична кожа. Помага да се намали чувството на иритација, црвенило, сувост и затегнатост, а кожата ја остава помека и поудобна.
Особено е погодна за кожа склона кон егзема, чешање и суви делови, бидејќи придонесува за смирување на непријатноста и подобрување на чувството на удобност. Лавандата исто така помага кожата да изгледа посвежо и побалансирано.
Покрај негата на кожата, нејзиниот природен мирис има релаксирачко дејство врз телото и умот. Помага во намалување на стресот, напнатоста и чувството на замор, создавајќи чувство на мир и опуштеност, особено по долг и напорен ден.
Употреба
Нанесете ја потребната количина на путерот за тело на чиста сува или полувлажна кожа по туширање.
При оштетена кожа, егзема или псорјаза нанесувајте на сува кожа наутро и навечер.
Нежно масирајте додека не се апсорбира целосно.
За најдобри резултати, користете го редовно, особено на нозете, стапалата и делови со сува кожа.Помага во спречување на сува кожа и лупење.Регенерира оштетена кожа склона кон егзема или псорјаза.
Природен СПФ 10 помага во заштитата на кожата од штетните UV зраци.
Безбедно за трудници и мајки доилки.