Путер за тело
Овој путер за тело од портокал е создаден за моментите кога твојата кожа бара повеќе нежност, особено после туширање.
Уникатноста е дека не само што ќе ја нахрани кожата, туку и ќе ти остави чувство на свежина што трае.
Во неговата основа има шеа путер, какао путер и пчелин восок, затоа што тие помагаат да се задржи влагата во кожата и ѝ даваат мекост што не исчезнува веднаш по нанесување. Кожата останува поудобна, посмирена и помалку сува.
Есенцијалното масло од портокал има свежина и природен мирис кој веднаш ти го менува расположението. Тој мирис ти дава чувство на леснотија, како нов почеток наутро или по долг ден.
Овој путер е за моментите кога сакаш едноставна, природна нега што не ја оптоварува кожата, туку ѝ помага да се врати во својот баланс и удобност.
Употреба
Нанесете ја потребната количина на путерот за тело на чиста сува или полувлажна кожа по туширање.
При оштетена кожа, егзема или псорјаза нанесувајте на сува кожа наутро и навечер.
Нежно масирајте додека не се апсорбира целосно.
За најдобри резултати, користете го редовно, особено на нозете, стапалата и делови со сува кожа.Помага во спречување на сува кожа и лупење.Регенерира оштетена кожа склона кон егзема или псорјаза.
Природен СПФ 10 помага во заштитата на кожата од штетните UV зраци.
Безбедно за трудници и мајки доилки.