EFI NATURAL COSMETICS
Произведувач: EFI NATURAL COSMETICS
Подигнете и платете во аптека
Сет рутина од производи за сува кожа
1.Тонер со Рузмарин и Б5
Помага кај затегната, дехидрирана и чувствителна кожа која лесно се иритира после миење. Пантенолот (Б5) ја смирува сувата и нарушена бариера, додека рузмаринот помага кожата да изгледа посвежо.
2.Маслен серум за лице со ориз и Витамин Е
Ја храни сувата кожа и помага да се намали чувството на затегнатост и нерамномерна текстура. Витаминот Е ја обновува кожата, а оризовото масло помага кожата да изгледа помека, помазна и поеластична.
3.Чистач за лице со бела глина
Нежно ја чисти кожата без да ја пресуши. Белата глина ги отстранува нечистотиите и помага при црвенила и суви предели на лицето што е важно кај сува и чувствителна кожа која лесно губи влага.
4.Крем за лице со алантоин 2%
Помага кај сува и иритирана кожа која има потреба од смирување и обновување. Алантоинот придонесува за побрзо омекнување на сувите делови и помага кожата да стане помазна и поотпорна на надворешни влијанија.