Еспумисан (Espumisan) капсулите се ефикасен лек за симптоматско лекување на тегоби во желудникот и цревата предизвикани од собирање на гасови, како што се надуеност, метеоризам и чувство на тежина во стомакот.Активната супстанца во лекот е симетикон (40 mg), која делува директно во внатрешноста на цревата така што ги разградува меурчињата од гас, овозможувајќи нивно природно елиминирање. Лекот делува чисто физички, не се апсорбира во организмот и целосно се излачува во непроменета форма, што го прави исклучително безбеден.Индикации-Олеснување на надуеност и притисок во стомакот,Елиминирање гасови по обилни оброци, стрес или дигестивни нарушувања,Подготовка за дијагностички прегледи на стомачната регија (ултразвук, рендген, гастроскопија) за подобра видливост,Помош при надуеност по антибиотска терапијаДозирање- :Возрасни, адолесценти и деца над 6 години: Се земаат по 2 капсули, 3 до 4 пати на ден.Капсулите се голтаат со доволно течност за време на оброк, веднаш по оброкот или пред спиење.За подготовка за дијагностички прегледи, се земаат по 2 капсули 3 пати на ден (денот пред прегледот) и уште 2 капсули наутро на самиот ден на прегледот.