Флогоцид (Flogocid) е исклучително популарна, патентирана универзална крема наменета за третман на разни воспалителни процеси, регенерација и интензивна нега на кожата. Има традиција долга повеќе од 50 години и е препознатлива по својата густа, масна текстура која создава заштитен слој на кожата.
Состав на кремата
Флогоцид содржи висока концентрација на активни компоненти со синергетско дејство:
• Комплекс од ензими во пуфер раствор (главната активна компонента).
• Борна киселина.
• Есенцијално масло од лаванда (дава пријатен мирис и делува смирувачки).
• Природни масла (масло од туја, сибирска ела) и витамин Е.
• Подлога: Бел вазелин, безводен ланолин, холестерол и течен парафин (кои длабински ја хранат кожата).
Кремата продира во подлабоките слоеви на кожата, со што го поттикнува нејзиното обновување и ревитализација. Делува :
• Противвоспалително и антимикробно: Брзо ги смирува инфекциите и воспаленијата на кожата.
• Аналгетски: Го намалува отокот, болката, црвенилото и чувството на пецкање.
• Регенеративно: Го забрзува зараснувањето на рани и ја подобрува структурата на оштетената кожа.
Индикации
Флогоцид се користи за третман на широк спектар кожни проблеми кај целото семејство :
• Воспаленија и инфекции : Гнојни чиреви, мозолчиња и акни.
• Враснати влакна и нокти .
• Хемороиди (потполно безбедна и за трудници .
• Рани од лежење (декубитис) и фистули .
• Повреди на кожата: Изгореници, смрзнатини и гребнатинки .
• Иритации и осип: Каснувања од инсекти (за смирување на чешањето) и пеленски осип кај бебиња .• Интензивна нега: Егзема, груба, сува и испукана кожа .
Начин на употреба
1. Чистење : Пред нанесување, местото на кожата треба убаво да се исчисти .
2. Нанесување : Се нанесува во подебел слој директно на болното место и околината (за секојдневна козметичка нега на лице и тело може и во потенок слој) . По желба , врз местото може да се стави газа .
Се користи 2 до 4 пати на ден , во зависност од сериозноста на проблемот .