Овој висококвалитетен прав е наменет за детоксикација и чистење на организмот од акумулираните токсини. Делува како силен антитоксин и природен противотров кој го зајакнува имунитетот. Помага за прочистување на дигестивниот тракт и може да ја прочисти дури и водата за пиење.
Упатство за подготовка - Во чаша од 300ml вода се става 1 лажичка зелена глина во прав и се промешува со дрвена лажичка (метални лажици не смеат да се користат бидејќи ги неутрализираат својствата на глината). Се остава да отстои, па по 5 минути се пие само бистрата течност на површината, без талогот на дното. Се пие наутро на празен стомак, а првата кура трае 3 недели.
2. Vitalia Зелена глина за надворешна употреба (Кожа и тело).Оваа глина е најценетото природно козметичко средство за ревитализација и нега. Најефикасна е при лекување на кожни состојби како акни, мозолчиња, чиреви, рани и исекотини, бидејќи помага за побрзо зараснување без лузни. Дезинфицира, ги стеснува порите, ја освежува кожата и делува како природен антирид (против брчки). Упатство за подготовка: Една лажичка прав се раствора со малку вода додека да се добие густа, хомогена кашеста паста. Се нанесува на посакуваното место, се остава да се исуши (околу 15-20 минути) и потоа убаво се исплакнува со млака вода. За сува кожа, производителот препорачува во смесата да се додадат неколку капки маслиново масло.