Витаминот Ц придонесува за нормална функција на непцата, забите, кожата, ‘рскавицата, коските, крвните садови, нервниот сиситем, имуниот систем, за намалување на заморот и истоштеноста. Витаминот Ц исто така ја зголемува апсорпцијата на железото и нормалната апсорпција и искористување на калциум и фосфор. Неговата способност да го подобри имунолошкиот одговор покажа дека ја намалува фреквенцијата и времетраењето на настинките. Витаминот Ц исто така е моќен антиоксиданс кој ги штити клетките од оксидативно оштетување.
Дозирање и начин на употреба:Возрасни и деца над 12 години една таблета на ден со храна, по можност наутро.Доколку е потребно возрасните може да ја зголемат дозата до две таблети.Таблетите да се голтнат цели.