HYLO FRESH DROPS 0.3mg/ml,10ml Product Main Image

HYLO FRESH KAPKI 0.3mg/ml,10ml

Произведувач: URSAPHARM

661,00 MKD

Резервирајте Сега

Подигнете и платете во аптека

HYLO FRESH се капки за очи без конзерванси и фосфати, специјално формулирани за освежување, хидратација и ублажување на симптоми на благи суви очи и иритација. Главни активни состојки-Натриум хијалуронат (Sodium hyaluronate 0.03%): Природен полисахарид кој создава рамномерен, стабилен и долготраен заштитен влажен слој на површината на окото, спречувајќи го неговото сушење.Екстракт од видливка (Euphrasia officinalis): Лековита билка која традиционално се користи со векови за третман на црвенило, печење и иритација на очите и капаците.
Индикации
Капките се идеални за повремена или секојдневна употреба при: Замор на очите поради долга работа на компјутер, гледање телевизија или паметни уреди. Иритација од надворешни фактори како што се прашина, полен, ветер, чад, сув воздух во просторија или климатизација. .
Долготрајно носење на контактни леќи .
COMOD® систем на дозирање : Патентирана амбалажа со специјална пумпа која гарантира стерилност на растворот без потреба од конзерванси и овозможува точно 300 еднакви капки од едно шишенце (10 ml). Без конзерванси и фосфати: Со ова се спречуваат дополнителни алергиски реакции или калцификација на оштетена рожница. Компатибилност со леќи: Може да се аплицираат додека носите меки или тврди контактни леќи, без потреба да ги вадите. Долготрајнос т: По првото отворање, производот може безбедно да се користи дури до 6 месеци.
Начин на употреба
Вообичаеното дозирање е по 1 капка, 3 пати на ден во секое око. Доколку имате потреба, капките може да ги користите и почесто. Како и кај сите вискозни капки за очи, веднаш по апликацијата е можен краткотраен матен вид додека течноста рамномерно не се распореди.

Слични Продукти