Norditalia Arianne Power е компресорски инхалатор (небулизатор) со висок квалитет и перформанси, наменет за ефикасен третман на респираторни состојби кај деца и кај возрасни. Уредот се одликува со моќен компресор и напредна технологија за распрскување на лековите длабоко во дишните патишта.
Главни карактеристики
Двобрзинска Neboplus ампула: Овозможува прилагодување на брзината на небулизација според потребите на пациентот.Ефикасна терапија: Произведува терапевтски ефективна големина на честички кои стигнуваат до долните дишни патишта.Брза небулизација: Скратено време на инхалација за поголем комфор, особено кај помали деца.Компактен дизајн: Лесен за ракување, пренесување и складирање во домашни услови.Стабилна основа: Дизајниран со стабилно куќиште кое спречува превртување при работа.
СОСТАВ: Компресорски апарат (инхалатор) ,нeбоплус ампула за лек, маска за возрасни, маска за деца, насад за уста (муштик за инхалација) насад за нос, црево за воздух и филтри.
Намена и медицинска примена-Овој уред е наменет за третман на широк спектар на респираторни заболувања, вклучувајќи:астма,хроничен и акутен бронхитис,хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ),алергии и синузитис и настинки со зголемена секреција во дишните патишта.
Упатство за правилно користење:
Подготовка: Поставете го уредот на рамна и стабилна површина во близина на штекер.
Пред првата употреба, дезинфицирајте ги сите пластични додатоци (маски, ампула). Истурете ја пропишаната количина на лек или солен раствор директно во Neboplus ампулата. Спојте го цревото со компресорот и со долниот дел од ампулата, па поставете ја соодветната маска. Вклучете го апаратот, седете исправено и дишете длабоко и смирено додека течноста целосно не се потроши.
Чистење: По секоја употреба, измијте ја ампулата и додатоците со топла вода и оставете ги да се исушат.