Лихен Форте сируп е моќна комбинација од три лишаи: исландски лишај, шумски лишај и белодробен лишај. Уснинската киселина која е составен дел на сите лишаи, а особено ја има во шумскиот лишај е позната како моќен природен антибиотик. Полисахаридот лихенин со кој изобилува исландскиот лишај има омекнувачко својство врз респираторниот систем и неговите мукозни мембрани. Белодробниот лишај е познат по високата содржина на природни антибиотици.
Состав: Екстракт од исландски лишај,Екстракт од шумски лишај,Екстракт од белодоробен лишај,Пречистена вода,Сорбитол,Ксантан гума,Лимонска киселина,Натриум бензоат,Сукралоза,Арома јагода
Начин на употреба:
Деца на возраст од 1 до 4 години: 2.5 мл од сирупот 4 пати на ден
Деца на возраст од 4 до 10 години: 5 мл од сирупот 4 пати на ден
Деца на возраст од 10 до 16 години: 10 мл од сирупот 4 пати на ден
Возрасни и адолесценти над 16 години: 15 мл од сирупот 4 пати на ден
Лихен форте сирупот се косумира еден час пред оброк. Пред секоја употреба добро да се промати.
Предупредување: да не се надминува препорачаната дневна доза. Додатокот на исхрана не треба да се употребува како замена за разновидна исхрана. Трудници и доилки пред употреба да се консултираат со лекар. Производот не е наменет за лекување и/или дијагностицирање на болести.
Лихен форте сирупот не содржи шеќер! Производот може да го употребуваат лица со дијабетес.