Лупоцет Трио прашокот за перорален раствор е препарат што се користи за краткорочно ублажување на симптомите на настинка, треска и грип. Овие симптоми вклучуваат блага до умерена болка, температура, назална конгестија (затнат нос) и продуктивна кашлица.
Лупоцет Трио содржи три активни супстанци- парацетамолот е лек против болка (аналгетик) и зголемена температура (ја намалува температурата кога имате температура) - Фенилефрин хлоридот е деконгестив на слузницата во носот. Помага при затнат нос и овозможува полесно дишење така што го намалува отокот на носните патишта - Гваифензинот е експекторанс кој ја раствора слузта и на тој начин ја ублажува влажната, продуктивна кашлица
Лупоцет Трио прашокот за перорален раствор не се користи кај возрасни, постари пациенти и адолесценти на возраст од 16 години и постари, чија телесна тежина е помала од 50 кг.
Секоја поединечна кесичка содржи 1000мг парацетамол, 200мг гваифенезин и 12,2мг фенилефрин хидрохлорид (што одговара на 10мг фенилефрин база).
Дозирање: Препорачана доза за возрасни, постари пациенти и адолесценти на возраст од 16 години и постари чија телесна тежина е 50 кг или повеќе:
Земете 1 кесичка на секои 4 до 6 часа, по потреба
Вкупната дневна доза не смее да надмине 3 кесички во текот на 24 часа (1 кесичка 3 пати на ден)
Минимален интервал на дозирање: 4 часа.
Времетраењето на терапијата не треба да биде подолго од 3 дена.
Начин на употреба:
За употреба преку уста. Растворете ја содржината на една кесичка во чаша топла, но не зовриена вода 250мл. Мешајте додека не се раствори.Почекајте растворот да се излади, но пијте го додека е уште топол. По растворањето, течноста станува жолт раствор со карактеристичен мирис на цитрус/ментол, без видливи честички.Мерки на претпазливост: Препорачаната доза не смее да се надмине. Да се чува на температура под 30°.