MEDISIGN МЅ-2 Тест ленти за мерење на шеќер во крв
Пред употреба внимателно прочитајте го упатството за употреба
За употреба со MM1100 системот за мерење на шеќер во крв
За ин витро дијагностичка употреба, за само-тестирање
Надворешна употреба
Да се чува на места недостапни за мали деца и за миленичиња
Да се чува во добро затворено шишенце на температура од 4-30°С заштитено од директна сончева светлина. Да не се замрзнува.
Тест лентите чувајте ги на места заштитени од висока температура и влага.
Фрлете ги сите неискористени тест ленти, 6 месеци по првото отворање на шишенцето
Чувајте ги тест лентите во оригинално пакување. Ако капачето не е добро затворено, немојте да ги користите тест лентите.
Тест ленатата е само за еднократна употреба. Никогаш не ја употербувајте повторно.