NEBREMEL TABLET 1.5mg Product Main Image

NEBREMEL TABLETA 1.5mg

Brand: HealthAid brand logo ALKALOID

Произведувач: ALKALOID

800,00 MKD

Проверете повторно наскоро за дополнување на залихите

Ургентна контрацепција во рок од 72 часа по незаштитен сексуален однос или при неуспех на контрацептивната заштита.
Една таблета се зема што поскоро, најдобро во првите 12 часа а најдоцна до 72 часа по незаштитен сексуален однос.Ако користите редовна контрацепција во форма на орални контрацептиви (таблети за контрацепција) треба да продолжите со нивното вообичаено земање и по употребата на Небремел. Ако по употребата на Небремел имате повторно незаштитен сексуален однос во текот на истиот менструален циклус, таблетата нема да има контрацептивен ефект и постои ризик од забременување.Што да направите доколку не се чувствувате добро (повраќате).Ако повратите во првите три часа по земање на таблетата, веднаш треба да земете нова таблета.Откако ќе земете Небремел ако имате сексуални односи и ако не земате таблети за контрацепција (орални контрацептиви), треба да користите други методи на контрацепција како кондом или цервикална капа заедно со спермицидно средство се до следното менструално крвавење, бидејќи земањето Небремел не овозможува заштита од несакана бременост при повторни незаштитени сексуални односи. Околу три недели по земањето Небремел препорачливо е да се посети доктор за да се утврди ефикасноста на таблетата. Ако менструалното крвавење доцни повеќе од 5 дена или ако крвавењето е невообичаено намалено или преобилно, треба да се консултирате со Вашиот доктор. Ако останете бремена дури и по земањето на таблетата, веднаш посетете доктор.Чести несакани дејства се-гадење (мачнина),појава на неправилни крвавења пред почетокот на менструалното крвавење: болка во долниот дел на стомакот; замор; главоболка и повраќање.
Многу ретки несакани дејства се осип, уртикарија, чешање, оток на лицето, болка во пределот на карлицата,болен менструален циклус.Лекот не бара посебни услови за чување.
Лекот треба да се чува надвор од дофат на деца! Не употребувајте Небремел по датумот на истекот на рокот на употреба, наведен на пакувањето. Датумот на истекот на рокот на употреба се однесува на последниот ден од тој месец.

Слични Продукти