Норлево® 1,5 мг таблети содржат 1,5 мг левоноргестол како активна супстанца. Левоноргестол спаѓа во групата на лекови наречени гестагени. Други состојки на лекот (ексципиенси) се лактоза монохидрат, пченкарен скроб, повидон, колиден безводен силициум, магнезијум стеарат.
Норлево е орално контрацептивно средство во случај на итност, т.е. ургентна контрацепција: се користи за спречување на бременост по незаштитен полов однос или во случај на сомневање за неефикасност на класичните контрацептивни методи.Овој контрацептивен метод треба да се користи колку што е можно побрзо, најпожелно во рок од 12 часа, а не подоцна од 72 часа (три дена), по незаштитен сексуален однос или во случај на неделување на класичниот контрацептивен метод. Ефикасноста е поголема ако лекот се земе веднаш по незаштитениот сексуален однос. Не делува ако сте бремени. Ако имате незаштитен сексуален однос по земањето на Норлево, тоа нема да ја спречи несаканата бременост.Немојте да го земате Норлево® ако сте алергична (хиперсензитивна) на левоноргестол или на некоја друга состојка на Норлево®.Употребата на Норлево® не се препорачува во следните случаи:– Ако сте имале вонматерична (ектопична) бременост– Ако имате инфекција на јајцеводите (салгингитис)– Ако имате фамилијарна или лична историја за тромбоза (згрутчување на крвта)– Ако имате тешки заболувања на органите за варење на храната што ја отежнува абсорпцијата на храната и лековите– Или ако имате дисфункција на црниот дроб или синдром на малабсорпција (Кронова болест).Ургентна контрацепција мора да се користи само повремено и не треба да е замена за класичен контрацептивен метод затоа што:– не ја спречува бременоста во секоја прилика;– постои ризик од хормонално пореметување на циклусот и не се препорачува редовна употреба.Норлево не може да ја прекине веќе настанатата бременост.Ако сте имале некој незаштитен сексуален однос пред повеќее од 72 часа од земањето на Норлево, можеби дошло до забременување.
Повеќекратна употреба на Норлево во рамките на еден менструален циклус не е препорачлива, бидејќи може да го поремети циклусот.
Норлево не функционира на ист начин како пилулите за контрацепција. Вашиот лекар ќе ве посоветува за редовна употреба на контрацептивни
средства за заштита од бременот кои се поефикасни за спречување на несаканата бременост.Влијание врз психофизичките способности -Немојте да употребувате машини или управувате со моторно возило ако ги имате поспаност и вртоглавица.Лековите ,fenobarbitol, phenytoin, primidone, carbamazepin,ritonavir, препарати со hipericum perforatum и др.вклучувајќи ги и лековите кои се земаат без рецепт, можат да ја намалат ефикасноста на Норлево®Таблетата треба да се испие со чаша вода и не треба да се џвака. Таблетата треба да се зема што е можно побрзо, по можност во рок од 12 часа по незаштитениот сексуален однос, а не подолго од 72 часа по односот.Доколку ја повратите таблетата по три часа земете друга таблета Norlevo.