Novalac 1 почетната млечна формула е најдобар избор за доенчиња од раѓање до 6 месеци доколку мајките не ги дојат или делумно ги дојат.
Универзалната почетна млечна формула Novalac 1 ги задоволува сите нутриционистички потреби на доенчето од раѓање до возраст од 6 месеци. Ги содржи сите протеини, масти, јаглехидрати, аминокиселини, витамини и минерали кои на новороденчето му се потребни за здрав развој и раст. Додадени се омега-3 и омега-6 масни киселини за оптимален развој на видот и мозокот на бебето, како и малтодекстрин, кој обезбедува подолготрајна ситост на бебето.Novalac 1 е дел од група на производи прилагодени на доенчиња, со внимателно избрани состојки и контролиран квалитет. По навршување на 6 месеци, препорачуваме да се префрлите на млечната формула Novalac 2.
Вообичаено дозирање на млечната формула Novalac 1, 400g:
Возраст на бебето (месеци) 0-1месеци - 6 оброци дневно, број на дозерки за подготовка на еден оброк од 90мл вода е 3 дозерки.
1-2 месеци, 5 оброци дневно, број на дозерки за подготовка на еден оброк од 120мл. вода е 4 дозерки.
2-4 месеци , 5 оброци дневно , број на дозерки за подготовка на еден оброк од 150мл вода е 5 дозерки.
4-6 месеци , 4 оброци дневно , број на дозерки за подготовка на еден оброк од 210мл вода е 7 д
До врв наполнета една дозерка содржи 4,3 г. млечна формула Novalac 1.
Една доза растворете во 30 мл вода.
Пред подготовка на секој оброк измијте ги рацете.
Шишето и капачето со цуцлата превријте ги во вода. Водата нека врие барем пет минути.
Водата за подготовка на оброкот нека врие во покриен сад. Оставете да врие најмалку пет минути.
Изладете ја водата во садот до 40 °C и ставете ја во шишенцето.
Со помош на испорачаниот дозер, истурете го пропишаниот број на мерни дози во шишето.
Затворете го шишето и добро протресете за да се раствори прашокот целосно.
Изладете го подготвениот оброк до 37 °C, односно ладете се додека на кожата не чувствувате ниту ладно ниту топло .
Посебно внимание при употребата на млечната храна Novalac e потребно кај доенчиња со ослабен имунитет, предвремено родени бебиња или новороденчиња со мала тежина и кај оние со алергиска реакција на млечни протеини. Неправилната подготовка или складирање може да бидат опасни по здравјето. Кога го храните бебето со шише, водете грижа контактот помеѓу млекото и забите да не е предолг или премногу чест бидејќи тоа ја зголемува можноста за кариес. Секогаш мијте ги забите на вашето дете по последниот ноќен оброк.
Секогаш подготвувајте свеж оброк. Да се чува на суво и ладно место, заштитено од светлина. Производот може да се користи најмалку до датумот означен на дното на лименката. По отворањето на лименката за прв пат, содржината искористете ја во рок од три недели. Цврсто затворете ја лименката по секоја употреба. Не чувајте подготвен а неиспиен оброк. Фрлете го остатокот.