Novalac 2 (400g) е универзална млечна формула специјално прилагодена за доенчиња на возраст од 6 до 12 месеци. Ова млеко во прав се користи како преодна храна по Novalac 1 или како надополнување на исхраната кога мајчиното млеко не е доволно, секогаш во комбинација со воведување на разновидна цврста храна.Збогатено е со есенцијални Omega-3 и Omega-6 масни киселини (DHA и ARA) кои се клучни за когнитивниот и визуелниот развој.Содржи зголемена концентрација на Калциум и Витамин D потребни за правилен развој на коскениот систем во фазата на интензивно растење. Формулата е богата со железо (за превенција од анемија) и клучни витамини (A, C, E, K1 и биотин) кои го зајакнуваат одбранбениот систем на организмот.Протеинскиот и јаглехидратниот состав се прилагодени за лесно варење во сè уште нежниот бебешки стомак. Формулата е без додадена сакроза и без глутен.Замена за кравјо млеко: Обезбедува оптимален баланс на хранливи материи во споредба со обичното кравјо млеко, кое на оваа возраст содржи премногу соли и може да ги оптовари бубрезите.Посебно внимание при употребата на млечната храна Novalac e потребно кај доенчиња со ослабен имунитет, предвремено родени бебиња или новороденчиња со мала тежина и кај оние со алергиска реакција на млечни протеини. Неправилната подготовка или складирање може да бидат опасни по здравјето.
Рок на употреба: По првото отворање на металната кутија, содржината мора да се искористи во рок од најмногу 3 недели.Свежина: Секој оброк се подготвува непосредно пред хранењето. Никогаш не го чувајте остатокот од млекото во шишенцето за следниот оброк – фрлете го по изминување на 1 час.Чување: Чувајте ја кутијата на суво и ладно место, заштитена од директна светлина.
Припрема-Вода: Сварете вода и оставете ја да се олади до точно 40°C.Дозирање: На секои 30 ml вода се додава точно 1 рамна мерица од прашокот.Мешање: Затворете го шишето и силно протресете додека прашокот целосно не се раствори.Млекото е приготвено и спремно за хранење на вашето дете.
Вообичаено дозирање на млечната формула Novalac 2, 400g:
Возраст на бебето (месеци) 6–12месеци
Број на оброци дневно 3 оброци
Број на дозерки за подготовка на еден оброк 7 дозерки
Количина на вода (мл) 210мл
До врв наполнета и израмнета мерица содржи 4,3 г млечна формула Novalac 2.
Една доза растворете во 30 мл вода.
Подготовка
Пред подготовка на секој оброк измијте ги рацете.
Шишето и капачето со цуцлата превријте ги во вода. Водата нека врие барем пет минути.
Водата за подготовка на оброкот нека врие во покриен сад. Оставете да врие најмалку пет минути.
Изладете ја водата во садот до 40 °C и ставете ја во шишенцето.
Со помош на испорачаниот дозер, истурете го пропишаниот број на мерни дози во шишето.
Затворете го шишето и добро протресете за да се раствори прашокот целосно.
Изладете го подготвениот оброк до 37 °C, односно ладете се додека на кожата не чувствувате ниту ладно ниту топло.