NOW GLUTEN DIGEST x 60 Product Main Image

NOW GLUTEN DIGEST KAPSULI x 60

Brand: HealthAid brand logo NOW

Произведувач: NOW

1712,00 MKD

Резервирајте Сега

Подигнете и платете во аптека

NOW Gluten Digest е додаток во исхраната во форма на растителни капсули, специјално формулиран да обезбеди гастроинтестинална поддршка и да помогне во варењето на глутенот и житарките. Производот содржи патентирана мешавина од ензими наречена BioCore® DPP IV, која помага во разградувањето на тешко сварливите компоненти во храната.
Карактеристики : Главната состојка DPP IV (дипептидил пептидаза IV) е уникатен ензим кој специфично ги таргетира и разградува тешките врски присутни во протеините на житните зрна.
Комплетна дигестија: Покрај DPP IV, содржи дополнителни протеази и амилази кои помагаат во варењето на останатите протеини и јаглехидрати кои вообичаено се наоѓаат заедно во овие намирници. Ефикасно помага за намалување на гасови, надуеност, дијареа, опстипација и непријатност предизвикана од интолеранција на глутен и лактоза.
Состав : BioCore® DPP IV ензимска мешавина од протеази од Aspergillus oryzae , Aspergillus melleus, Амилаза, Глукоамилаза).
Други состојки: Целулоза (капсула), оризови трици и средноланчени триглицериди.
Вегетаријански производ, без ГМО, кошер и направен без пченица, соја, млеко или јајца.
Начин на употреба
Се препорачува земање на 1 капсула на самиот почеток или 30 мин пред секој оброк кој може да содржи глутен или житарки. Производот е наменет само за возрасни.
За лица со целијакија: Овој додаток НЕ е замена за безглутенска диета кај лица со целијакија. Лицата со целијакија можат да го користат под надзор и консултација од лекар.

Слични Продукти