NutraGen Collagen е додаток во исхраната во течна форма со вкус на цреша, кој содржи висок квалитет на хидролизиран рибен колаген тип 1 (Peptan®) наменет за здравјето на кожата, косата, ноктите, коските и зглобовите. Состав : Колагенска молекула Peptan®: Содржи 10g (10.000 mg) чист хидролизиран колаген тип 1 изолиран од риба тилапиа во една препорачана доза. Хијалуронска киселина: Помага во задржување на влажноста и длабинска хидратација на кожата и ткивата. Богат витамински комплекс: Вклучува Витамин Ц, Витамин А, Витамин Д3 и Б-комплекс (B2, B3, B5, B6, B7) кои ја стимулираат природната синтеза на колаген .Есенцијални минерали: Збогатен со Цинк (Zn) и Бакар (Cu) за заштита од оксидативен стрес и подобра апсорпција.
Употреба : Кожа и естетска нега : Ја подобрува еластичноста на кожата, ја намалува појавата на брчки и ги зацврстува ноктите и влакното на косата. Зглобови и коски : Дава силна поддршка на рскавицата, коските и сврзното ткиво, намалувајќи ги болките во зглобовите. Имунитет и енергија : Придонесува за намалување на заморот, нормална функција на нервниот систем и силен имунитет.
Начин на дозирање
Стандардна доза: Еднаш дневно по 30 ml (со помош на дозерот), чист или растворен во половина чаша вода. Време на земање : На празен желудник, препорачливо навечер пред спиење за максимална апсорпција во текот на ноќта . За спортисти : Се препорачува ударна доза од 30 ml пред самиот тренинг. Превенција : Зависно од возраста, може да се земаат и помали дози од 15-30 ml на ден. Пред секоја употреба шишето треба добро да се протресе. По отворањето : Задолжително се чува во ладилник на температура од 2°C до 8°C и мора да се консумира во рок од еден месец.