Состав-Содржи активна супстанца бутамират цитрат која припаѓа на групата синтетски антитусици со централно дејство (група лекови за лекување на кашлица), која не предизвикува зависност.Омнитус спречува и ја смирува надразнителната кашлица. Се користи пред и после тераписки и дијагностички процедури во бронхиите (кај изведување на бронхоскопии), како и пред и после изведување на хируршки интервенции. Како дополнителна терапија се користи кај заболување-пертусис (голема кашлица).
Дозирање:
Возрасни: земете 3 x 30 мл
Деца над 12 години 4 x 15 мл
Деца од 6 до 12 години 3 x 15 мл
Деца од 3 до 6 години 3 x 10 мл
Бременост и доење:
Советувајте се со вашиот лекар или фармацевт пред да земете каков било лек во текот на бременоста и периодот на доење.