Prostamol UNO е хербален лек за простатата (уролошки лек). Капсулите се користат во терапија на пореметување при уринирање (проблеми при празнење на мошниот меур) при бенигно зголемување на простатата (бенигна хиперплазија на простатата) степен 1 и 2.
Следните симптоми може да се појават ако страдате од бенигна хиперплазија на простатата:
- Потреба да уринирате често, посебно во текот на ноќта
- Слаб или испрекинат млаз на урина
- Капнување на урина по мокрењето
- Чувство на некомплетно празнење на мочниот меур
- Болка при уринирање
- Пореметување во сексуалниот живот
Повеќето од овие симптоми се предизвикани од зголемената простата која притиска на мочните канали.
Екстрактот од пилеста палма олеснува:
- Потребата за често уринирање
- Слабиот и испрекинат млаз на урина
- Го намалува притисокот на мочниот меур
- Чувство дека не можете комплетно да го испразните мочниот меур.
Пред да почнете со лекувањето потребно е лекарот да постави дијагноза и да ги исклучи сериозните патолошки состојби.
Состав:
една капсула содржи:
- Мек екстракт од плодот на мала тестераста палма (Serenoa repens (Bartram) small fructus) 320 mg
Употреба:
- Eдна капсула дневно се зема секогаш во исто време.
- Капсулата треба да се проголта со доволно течности после оброкот.