SENSILIS® Рицинусово масло
Нежно ја чисти и смирува кожата
Помага кај проблеми со кожата поради високата содржина на витамин Е
Се препорачува за сува кожа и нега на коса поради одличните хидратантни својства
Редовната употреба на маслото го поддржува растот на косата и ноктите, помага во отстранувањето на првутот, го зајакнува стеблото на влакното и ја зголемува отпорноста на секојдневните механички оштетувања.
Начин на употреба
За коса: Се нанесува рамномерно на скалпот и по должината на косата, се остава да делува како маска (најмалку 30 минути или преку ноќ), а потоа убаво се измива со шампон. За трепки и веѓи: Најпрактично се нанесува во мала количина со помош на чиста четка за маскара пред спиење. За кожа и нокти: Неколку капки се масираат директно на сувите делови од кожата или во коренот на ноктите.