FITOFARM SILIMARIN DUO 100mg x 30tbl Product Main Image

FITOFARM SILIMARIN DUO 100mg TABLETI x 30

Brand: HealthAid brand logo FITOFARM

Произведувач: ФИТОФАРМ, FITOFARM

339,00 MKD

Резервирајте Сега

Подигнете и платете во аптека

SILYMARIN DUO Состав:1 таблета содржи 100 mg млечен трн (Silybum marianum) и 50 mg екстракт од шипка (Rosa canina extract).
Црниот дроб е животно важен орган, кој во организмот исполнува повеќе од 500 функции, кои што се поврзани не само со работата на одделни системи, туку и со општата размена на материи – последователно со рамнотежата и функционалната состојба на целиот организам.
Овој орган поседува големи внатрешни резерви, вклучувајќи ја и способноста за брза рехабилитација после различни нарушувања во организмот. Постојат многу можности да се одржува здравјето на црниот дроб, особено ако му се обезбеди адекватна профилактичка поддршка и дополнителна заштита.Млечен трн има широк спектар на дејства. Плодовите содржат специфични флавонолигнани (три изомери – силибин, силикристин, силидианин), флавоноиди, алкалоиди, сапонини, органски киселини, биогени амини (тирамин, хистамин), до 30 % масло и до 0,1% етерично масло, витамин К, слуз, важни микро и макро елементи (бакар, селен и др). Основна активна супстанција е силимарин. Докажани својства на млечниот трн се: изразено хепатопротекторно дејство, учество во обновувањето на клетките на црниот дроб, кои се оштетени од токсини и вируси, противвоспалителен ефект како и ефект на заздравување на рани при нарушувања во гастро-интестиналниот тракт. Покрај тоа, млечниот трн е индициран при ослабен имунитет, како адаптогено средство.Плодовите од шипка и нивните препарати – водени екстракти, сирупи, витамински чаеви, екстракти – се користат при хиповитаминози и авитаминизи Ц и П (кои особено се појавуваат при нарушување на пропустливоста на ѕидовите на крвните садови); се користат при акутни и хронични инфекции, настинки и пневмонии; се препорачуваат кај лица, ослабени после прележана болест, траума или операција. Шипката има изразен хепатопротекторен ефект.Се препорачува за регенерација на оштетен црн дроб како додаток во исхраната.
Препорака за користење
Возрасни – 2 таблети, 2 до 3 пати на ден заедно со храна.
Времетраење на континуирана примена – 1 до 2 месеци.
Контраиндикации: Индивидуална неподносливост на состојките на препаратот, бременост, доење.
Пред употреба се препорачува консултација со лекар.

Слични Продукти