Soldevit е производ на витамин Д3 со пумпа за дозирање, што овозможува лесно и точно дозирање и администрација на витамин Д3 така што помага на нашето тело да го одржува здравјето на коските и забите,овозможува нормална функција на мускулите и го зајакнува имунолошкиот систем. Солдевит 1000 се препорачува заради спречување на дефицит на витамин Д и за потреби во исхраната кај недостаток на витамин Д.
Посебно се препорачува кај жени во менопауза, лица со голема телесна тежина и лица кои недоволно се изложуваат на сончевото зрачење.
2. ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ПРЕД ДА ГО УПОТРЕБИТЕ ГРАНИЧНИОТ ПРОИЗВОД
Солдевит 1000 препаратот не се препорачува на деца помлади од 3 години и лица пречувствителни на која било состојка од производот.Овој препарат е граничен производ и не треба да се употребува како замена за вкупна или балансирана исхрана.
Бидете посебно внимателни со граничниот производ Солдевит 1000: Во текот на употребата на препаратот да не употребуваат други препарати кои се извор на витамин Д поради можното пречекорување на дневните дози за овој витамин.
КАКО ДА СЕ УПОТРЕБУВА ГРАНИЧНИОТ ПРОИЗВОД Солдевит 1000
Секогаш употребувајте Солдевит 1000 според препораките дадени во самото упатство или како што Ви препорачал Вашиот лекар.
1 капка/доза дневно.
Производот е наменет за деца од 3 години и возрасни.