Витамин Б6 овозможува создавање на неколку неуротрансмитери кои пренесуваат пораки во нервниот систем. Неопходен е за нормален развој и функционирање на нервниот систем, за создавање на хормони кои го регулираат расположението (серотонин и норепиефрин) и биоритамот (мелатонин). Придонесува за нормална синтеза на хомоцистеин и учествува во формирање на црвените крвни клетки. Го намалува заморот и исцрпеноста и учествува во регулирање на хормонската активност.
Витамин Б6 учествува во одржување на здрав имунолошки систем преку негово учество во создавање на антитела.Хидросолубилен витамин чијашто активна форма е пиридоксин хидрохлорид, неопходен за метаболизмот на протеините. Учествува во метаболните процеси на аминокиселините (декарбоксилација, дезаминација, трансаминација итн). Има важна улога во метаболизмот на мастите, формирањето хем, како и на нијацин од триптофанот.
При недостаток од витамин Б6 како терапија и превентива: микроцитна и хипохромна анемија, конвулзии кај новороденчиња, полиневритиси и невропатии при терапија со лекови кои содржат изонијазид, пенициламин, хидралазин и циклосерин.При намалени концентрации на витамин Б6 присатни кај диети, уремија, алкохолизам, цироза, хиперпаратиреоидизам, малапсорптивен синдром, кај пациенти со срцева слабост, долготрајна хемодијализа, како и при генетски нарушувања во метаболизмот на аминокиселините.Зголемени потреби од витамин Б6 се јавуваат при долготрајна употреба на хормонални контрацептиви, кај геријатриски пациенти и при бременост и лактација,Други индикации: вертиго, акни, себореичен дерматитис, хиперлипидемија, озрачување, хиперемезис гравидарум, предменструален синдром, хиперкинетски синдром кај деца, хипероксалурија, зависност од пиридоксин кај деца.Се препорачува: идиопатска сидеробластична анемија, предменструален синдром, повраќање за време на бременост, терапија со изониазид, хидралазин